Софи Доси е редок пример на самоук екстремно флексибилен акробат и балансирач, што ја воодушеви американската публика. Таа се појави за првпат во шоуто „Америка има талент“ пред неколку месеци со свои 14 години, на следниот настап го доби златниот тастер, а последно ја гледавме во четврт финалето минатата недела, со веќе полни 15 години.Реквизитите ги изработува со помош на својот татко, актовите ги подготвува сосем сама. Перформансите воодушевуваат со грациозност, еластичност, контрола и адреналин.
Ако првиот пат покажа дека може да стрела со своите стопала, вториот пат ја погоди метата со огнена стрела, а третиот го повтори истото со врзани очи.
No comments:
Post a Comment