Monday, September 24, 2018

Софи Доси

Софи Доси е редок пример на самоук екстремно флексибилен акробат и балансирач, што ја воодушеви американската публика. Таа се појави за првпат во шоуто „Америка има талент“ пред неколку месеци со свои 14 години, на следниот настап го доби златниот тастер, а последно ја гледавме во четврт финалето минатата недела, со веќе полни 15 години.Image result for софи досиРеквизитите ги изработува со помош на својот татко, актовите ги подготвува сосем сама. Перформансите воодушевуваат со грациозност, еластичност, контрола и адреналин.
Ако првиот пат покажа дека може да стрела со своите стопала, вториот пат ја погоди метата со огнена стрела, а третиот го повтори истото со врзани очи.Related image

Екологија

Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина. Темите на интерес на еколозите вклучуваат изучување на составот, поделбата, количината (биомасата), бројот, состојбите на промена во организмите во рамки на екосистемите и помеѓу нив. Екосистемите се составени од делови кои динамично си дејствуваат и ги вклучуваат организмите, заедниците кои тие ги формираат и неживите компоненти на нивната животна средина. Процесите на екосистемите како што се првичната продукцијапедогенезациклусот на хранливите материии разновидни активности кои вклучуваат создавање на нишите, го регулираат протекот на енергија и материја во животната средина. Овие процеси се одржани од биолошката разновидност. Биодиверзитетот се однесува на разновидноста на видовитево екосистемите, генетските варијации помеѓу нив и процесите кои се функционално збогатени од разновидноста на еколошките интеракции.
Екологијата е интердисциплинарна област која во себе ја вклучува биологијата и науката за Земјата. Терминот “екологија” ("Ökologie") за прв пат е воведен во 1866 година од германскиот научник Ернст Хекел (1834г. - 1919г.). Старите грчки филозофи како Хипократ и Аристотел ги поставиле темелите на екологијата како дисциплина во нивните истражувања за историјата на природата. Кон крајот на 19-тиот век екологијата преминува во сериозна научна дисциплина. Еволутивните концепти за адаптација и природна селекција станале темели на модерната еколошка теорија. Екологијата не е синоним со животната средина, енвироментализмот, историјата на природата или со науката за животната средина. Повеќе може да се поврзе со еволутивната биологијагенетиката и етологијата. Разбирањето на меѓусебните интеракции на биолошката разновидност и еколошките функции е значаен фокус на интерес во еколошките проучувања. Еколозите се трудат да ги објаснат:
  • Животните процеси и адаптации
  • Распространетоста и бројноста на организмите
  • Движењето на материите и енергијата во заедниците
  • Сукцесивниот развој на екосистемите и
  • Изобилството и поделбата на биодиверзитетот во контекст на животната средина.Image result for екологија
Екологијата е исто така и наука за човекот. Практичната примена на екологијата е во заштита и зачувување, управувањето со водите и водните станишта, управувањето со природните ресурси (агроекологијаземјоделствошумарствоагрошумарстворибарство), просторно планирање (урбана екологија), здравствотоекономијата, основната и применетата наука и социјалната комуникација на луѓето (антропогена екологија). Екосистемите одржуваат биофизички реакциони (фидбек) механизми со кои ги прилагодуваат метаболичките стапки и еволутивните динамики помеѓу живите (биотски) и неживите (абиотски) компоненти на планетата. Екосистемите одржуваат функции за поддржување на животот и произведуваат природен капитал преку регулацијата на континенталната клима, глобалните биогеохемиски циклусифилтрацијата на водатапочвитехраната, влакната, лековите, контрола на ерозијата и многу други природни карактеристики на научната, историската, економската или суштинската вредност.

Monday, September 17, 2018

Изворот на желбите



Изворот на желбите е како око отворено,
од клокот занесено,
од смеа зазорено.

Од него шурките ко лава се шират,
во скришните длапки во крвта се вират,
во тајните места на срцето горат
и се така гласно,жуборно зборат.

Изворот на желбите е око струјно,
до бескрај гласовито,
до небеса чујно.

Од него рој реки се збираат,
во бунарот на душата
дали некогаш ке се смират?


    Стојан Тарапуза